“Тешко на Русите”: Германија скоро и да не извезува пиво во Русија
Пиварите од германската провинција Баварија, поради војната во Украина, речиси повеќе не испорачуваат пиво во Русија.
Според податоците на Баварската земјоделска асоцијација, извозот на пиво во Русија речиси е запрен.
Портпаролот на здружението Лотар Еберз за „Билд“ изјави дека во Русија во јануари биле извезени околу 77.477 хектолитри пиво, а во февруари 78.797 хектолитри, пренесува Танјуг.
„По почетокот на војната во Украина, извозот на пиво во Русија значително се намали. Во март на околу 47.313 хектолитри, а во јуни 23.249 хектолитри“, рече Еберц.
За пиварниците, прекинот на извозот во Русија е проблем бидејќи Русија, по Италија, беше втора по големина извозна дестинација за пиво од Баварија. Минатата година Баварија извезла околу 950.000 хектолитри пиво во Русија.
Еберц вели дека сегашната ситуација може да се спореди со ситуацијата поради корона-кризата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија нападна брод под либериско знаме во…
Русија нападнала товарен брод под либериско знаме…
Русија ги повика странците и дипломатите да…
Русија денес објави дека ќе продолжи да…
Млада лаборантка почина од чума во Русија,…
Жена почина од белодробна чума во регионот…
Мртво бебе оставено во торба на улица…
Минувачи пронашле мртво новороденче (женско) покрај патот…
Ел Мундо: Русија летово планирала атентат на…
Руска разузнавачка мрежа планирала да изврши атентат…