Спасовски ги претстави новите полициски системи за управување и евиденција на оружје МЕИДА и СРУО
Интегрирани полициски системи за управување и евиденција на оружје МЕИДА и СРУО – ефикасни дигитални алатки на МВР во борбата против нелегалната трговија и незаконското поседување оружје, а кои се во насока на обезбедување дигитализација и унапредување на оперативните процеси, како и побрза институционалната размена на информации, согласно европските стандарди, напиша министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот фејсбук профил.
Спасовски посочува дека МЕИДА (Модул на евиденција за инциденти, документи и активности поврзани со оружје) е воспоставување на Интегриран полициски систем во кој во почетната фаза ќе се евидентираат инциденти, документи и активности на полицијата поврзани со оружје. Системот е поврзан со централниот систем на МВР, со заедничките номенклатури, со системот за регистрирање и управување со оружје, со лични документи, со матичен број, со моторни возила и со централниот веб портал на интерни апликации на МВР.
СРУО (Систем за регистрирање и управување со оружје) воспоставен е нов систем за регистрирање и управување со оружје. Опфатени се физички лица (издавање на одобренија и дозволи за оружје) и правни лица (контрола над магацини, стрелишта и продавници). Со овој проект во секој момент може да се утврди состојбата со залихите во магацините за оружје, мониција и експлозивен материјал на правните лица, појаснува Спасовски.
Преку редовна набавка на IT опрема, како и преку донации од нашите партнери УНДП обезбедена е компјутерска опрема која овозможува поефикасно следење и контрола на малото и лесно оружје во државата, компјутери, принтери за дозволи на оружје и скенери, кои се распоредени во Секторите за внатрешни работи и полициските станици, со цел непречено и поефикасно функционирање на информацискиот систем на МВР.
Ја модернизираме полицијата, го надградуваме соодветниот софтвер за следење и контрола на малото и лесно оружје и, секако, се одржуваат обуки за вработените во МВР кои во пракса ќе работат во овој безбедносен сегмент. На тој начин, нашата борба против криминалот и нелегалната трговија со оружје е поефикасна и верувам дека ќе придонесе за зголемување на нивото на безбедност на граѓани, напиша на фејсбук министерот Оливер Спасовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вучиќ: Бесмислено е СНС да учествува на…
Поранешниот претседател на Србија, Александар Вучиќ, смета…
Мицкоски: Реалната нето-плата пораснала за 5,2 отсто,…
Реалната нето-плата во Македонија бележи годишен раст…
Мачето Мими бара дом: Вработените на Клиниката…
Една необична и топла приказна доаѓа од…
Маѓар: Запленети се средствата на поранешниот министер…
Унгарскиот премиер Петер Маѓар објави дека Националното…
Почина италијанскиот дизајнер на накит и бизнисмен…
Италијанскиот дизајнер на накит и бизнисмен Паоло…