Франција и Германија велат дека овојпат се поспремни да издржат без рускиот гас
„Газпром“ користи обичен изговор за да го прекине снабдувањето со природен гас за француските клиенти, рече француската министерката за енергетика, но додаде дека нејзината земја предвидела прекин на снабдувањето.
„Како што очекувавме, Русија го користи гасот како воено оружје и користи делови од договорот со нашата компанија Енжи како изговор за дополнително намалување на испораките за Франција“, рече Ањес Паниер-Рунашер.
Коментарите дојдоа неколку часа откако руски Газпром објави дека целосно ќе ја прекине испораката на гас за француската комунална компанија Енжи од четврток, повикувајќи се на спор околу плаќањето. Овој потег ќе ја продлабочи загриженоста за снабдувањето со енергија на Европа за зимата, пишува АФП.
„Германија сега е подобро подготвена за прекини во снабдувањето преку гасоводот „Северен тек 1“, бидејќи германските складишта за гас се полни речиси 85 отсто“, напиша на Твитер Клаус Мулер, претседател на германскиот регулатор на мрежата.
„Во зима, можеме да земеме гас од складиштето, а сега штедиме гас (и треба да продолжиме да го правиме тоа!), пристигнуваат терминалите за ЛНГ, а благодарение на Белгија, Холандија, Норвешка (а наскоро и Франција), гасот тече кон нас“, додаде Мулер.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Марин Ле Пен профитира од хаосот на…
Откако избувнаа немири во градовите низ Франција…
Франција денес очекува 140.000 демонстранти
Меѓу 70.000 и 140.000 луѓе се очекуваат…
Германската агенција за вработување се противи на…
Германската влада планира да ја преполови квотата…
Германија инвестира милиони во вештачка интелигенција, планира…
Германската федерална влада планира широка соработка со…
Експлодираа протестите во Франција: Повредени 40 директори…
Повеќе стотици средни училишта низ Франција и…