Видео: Елмас на својот прв старт сезонава, до гол против Лече!
Фудбалерите на Наполи во рамките на четвртата рунда на Серија А играат против Лече на својот „Диего Армандо Марадона“.
На овој натпревар од правата минута, првпат оваа сезона доби шанса да стартува Ељиф Елмас. Македонскиот репрезентативец на одличен начин одговори на довербата на Спалети и успеа да постигне гол против Лече. Акцијата се одвиваше низ средината, па се префли на десната напаѓачка страна. По една одбиена топка, Елмас излета во зицер позиција и стрела за 1-0 по 27. минути игра.
Погодокот на Елмас против Лече:
Лоренцо Коломбо беше во преден план кај Лече, бидејќи прво промаши пенал, а потоа даде еврогол за израмнување (1-1).
Оваа сезона Елмас во првите три кола беше резервист, па сега можеби му направи главоболки на Спалети околу стартниот тим за следните натпревари.
Извор: gol.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп со застрашувачка објава: Итно евакуиратје го…
Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа…
САД се подготвуваат да копаат литиум во…
Украинските власти ги презедоа првите чекори за…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…
(Видео) Израел нападнат со ракети и дронови…
Иранските државни медиуми известуваат за заеднички напад…
Курти по изјавата на Трамп: Треба да…
Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…