Полска пресилна за македонските одбојкарки
Македонската репрезентација доживеа убедлив пораз со 3:0 вечерва од Полскa во 5. коло на Европското првенство за одбојкарки до 19 години.
На средбата одиграна вечерва во СЦ „Борис Трајковски“, полските репрезентативки доминираа во сите елементи. Првите два сета завршија со резултат 25:8, а во третиот Македонките освоија 18 поени.
Македонските девојки ЕП го завршија на последното, 6. место во Групата-1 со пет порази во исто толку натпревари и без ниту еден освоен сет.
Полска како второпласирана избори учество во полуфиналната фаза.
Покрај полската, од оваа група пласман во полуфиналето избори и првопласираната Италија која освои максимални 15 поени.
Во полуфиналето ќе играат Италија – Холандија и Србија – Полска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Лавров: Полска покажува подготвеност за конфронтација
Москва ја гледа јасната подготвеност на Полска…
Новоизбраниот полски претседател: Русија е посткомунистичка држава…
Новоизбраниот претседател на Полска, Карол Навроцки, изјави…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…