Објавено на:

Путин: Имаме обврска да им помгнеме на жителите на Донбас

t

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека должност на Русија е да им помогне на луѓето што живеат во Донбас, пренесува ТАСС. „Сите обиди за мирно решавање на ситуацијата пропаднаа поради ставот на Киев”, рече Путин на средбата со учесниците на еколошкиот форум во Камчатка.

„Наша должност е да им помогнеме на жителите на Донбас и токму тоа го прави Русија. Восхитен сум од храброста на жителите на Донбас кои ги бранат своите републики на фронтот.

Знам за што зборувам затоа што долетав тука по уште еден извештај од раководството на вооружените сили за тоа што се случува. Овие луѓе не се професионални војници, мештани сочинуваат воени единици, но тие се борат подобро од професионални војници бидејќи се храбри и ефикасни“, рече Путин, пренесува ТАСС.

Путин рече дека покрај храбрите и силни луѓе во републиките Донбас има и многу професионалци.

„Тие се љубезни, професионални и расположени за позитивна работа во своите области: во уметноста, образованието, земјоделството, индустријата и заштитата на животната средина. Мораме да им помогнеме на таквите луѓе и, се разбира, ќе го направиме тоа“, рече Путин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин и Ердоган го осудија нападот на…

Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер…

Путин и Трамп разговарале за конфликтот меѓу…

Рускиот претседател Владимир Путин разговарал по телефон…

Лавров разговараше со иранскиот колега: „Израел ја…

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…

Путин: Русија остро ја осудува израелската агресија…

Рускиот претседател Владимир Путин денес телефонски разговараше…

Изградба на нуклеарна централа на Месечината и…

Изградбата на првата нуклеарна централа на Месечината,…