Маричиќ: Денес сме респектабилна земја која има сојузници низ целиот свет
Пред 31 година граѓаните избраа да живеат во независна, демократска, мирна, стабилна и просперитетна држава, вака вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ ја започна својата честитка по повод 8 септември – Денот на независноста.
Маричиќ порача дека изминатите години сведочат за посветена работа во градење и развивање на Македонија како слободно, одговорно и економски силно општество со целосна афирмација на граѓанските вредности.
-Граѓаните имаат причина да слават. Успеавме и покрај сите предизвици, да останеме јасно ориентирани кон евроатлантските интеграции, инвестирајќи во нашата стратешка цел до крај. Да се стане членка на НАТО за мала земја, како нашата, е големо достигнување, а со отворањето на пристапните преговори за полноправно членство во ЕУ, направен е уште еден важен чекор напред во вистинската насока, истакна вицепремиерот.
Според него, отворањето на преговорите за пристапување во ЕУ ќе ни помогнат забрзано да се движиме низ реформите и да се фокусираме на оние од приоритетна важност.
-Денес сме респектабилна земја која има сојузници низ целиот свет, која е почитувана и препознаена по нејзините напори и мудрост да го трасира својот европски пат за нејзините генерации. Модерна, европска и просперитетна Македонија за сите нејзини граѓани. Нека ни е вечна независноста и државноста. Да живее Републиката, стои во честитката на Маричиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…
РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…
Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…
Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…
(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…
Сиљановска ќе почека да се формира новата…
ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…
Со 88 гласа “за” пред 3 часот…
Американската амбасада ќе ги подобрува односите помеѓу…
Аташето за култура и образовани на САД…