Австрија е против ограничување на цената на рускиот гас

t

Австрија во моментов не може да гласа за предлогот на Европската комисија за воведување ценовни ограничувања за рускиот гас, соопшти Министерството за енергетика на Австрија по повод состанокот на министрите за енергетика на ЕУ.

Министерството соопшти дека се работи пред се за санкции, а не за енергетско политичко прашање.

„Колку и да е болно, ние сепак сме зависни од рускиот гас“, нагласува Виена.

Министерството првите предлози на Европската комисија ги оцени како чекори во вистинската насока, пренесува Танјуг.

Министерката за енергетика Леоноре Гевеслер на средба со колегите од земјите членки на ЕУ ќе побара да се намали цената со паметни мерки за намалување на потрошувачката на струја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За 50% зголемен бројот на Австријци кои…

Бројот на Австријците во апсолутна сиромаштија е…

Европратеникот Шидер: Македонија може да напредува и…

Македонија може да напредува и да стане…

Се огласи српскиот амбасадор во Австрија: Во…

Не можеме да располагаме со информациите, со…

24 години ја силувал сопствената ќерка, си…

Австриски суд денеска соопшти дека ја поништил…

Австрија го задржува ветото за влез на…

Австрија го задржува своето вето за приклучување…