(Фото) Страшна несреќа во Хрватска: Се судрија товарен и патнички воз, има мртви
Товарен и патнички воз се судриле вчера вечер во близина на местото Новска, во областа Славонија во Хрватска, јавуваат локалните медиуми.
Во несреќата, според неофицијални информации, има неколкумина загинати, како и десетина повредени луѓе. Дел од медиумите објавија дека во товарниот воз имало мигранти.
Судирот се случил меѓу Окучани и Новска, на околу 100 километри југоисточно од Загреб, околу 21 часот и 30 минути, пишува „Јутарњи лист“.
Телевизијата Нова објави, исто така од неофицијални извори, дека патничкиот воз број 2506, кој сообраќал на релација меѓу Винковци и Новска, поминал на црвено светло и со полна брзина налетал на товарниот воз, кој запрел поради дефект.
На фотографиите што ги објави Дневник, се гледа дека патничкиот воз се превртел во несреќата, а медиумот јави дека спасувачите се трудат да ги извлечат преживеаните од згмечените вагони.
На местото на несреќата има голем број полицајци, пожарникари и возила на итната помош, а таму вечерва тргнаа и премиерот и претседателот на Хрватска, Андреј Пленковиќ и Зоран Милановиќ.
Вчера вечер се огласи и државната компанија Хрватски железници, која изрази сочувство до семејствата на загинатите, соопшти дека започнала истрага, но не откри повеќе детали за несреќата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хрватска ги укинува класичните патарини, од 2027…
Хрватска од 1 март 2027 година воведува…
Во големиот пожар во Хрватска изгореа 106…
Во пожарот што во ноќта меѓу 13…
Емотивна фотографија од Хрватска — среде гаснење…
Пожарникарите од Корчула додека гаснеле пожари спасиле…
Температурни рекорди во Хрватска: Сплит 39,7, Дубровник…
Екстремната жештина во Хрватска собори температурни рекорди…
Сообраќаен колапс меѓу Хрватска и Црна Гора:…
На граничните премини меѓу Хрватска и Црна…