МВР не запре: 940 казни за едно деноноќие

t

Во текот на вчерашниот ден (11.09.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 938 возачи.

„Од нив 57 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а осум возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 553 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 385 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, се наведува во соопштението на МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Странските државјани можат онлајн да ги плаќаат…

Странските државјани кои со возила со странски…

Колони на Табановце: Отворени осум пунктови за…

По големиот сообраќаен метеж и километарските колони…

Кривична пријава: Незаконски продавале отпад од ,,Тутунски…

Од МВР информираат дека се поднесени кривични…

МВР: Граѓаните да не отвораат лажни пораки,…

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста…

Повеќе лица меѓу кои и две жени…

Повеќе лица попладнево се повикани на разговор…