Власта ќе го одложи зголемувањето на даноците, имало време до 2025 година

t

Министерот за финансии Фатмир Бесими вечерва изјави дека даночните реформи не почнуваат сега, тие се дел од програмата на Владата и се дел од стратегијата за реформи на даночниот систем што е усвоен во декември 2020.

Тајмингот, во однос на имплементацијата, би бил транзициски, не значи дека сè што се разговара сега ќе се примени од 1 јануари па натаму, затоа е јавната дебата, изјави тој Бесими, одговарајќи на новинарско прашање дали сега е вистински момент за даночни реформи, во вечерашното гостување на Телевизија 24.

– Реформата е поширока од тоа што сега се дискутира, има акциски план 2021/2025. Значи не почнува денеска, од аспект на кризата, затоа отвораме расправа, зошто сакаме да ги слушнеме сите засегнати страни. Важно е во квалитетот на овие реформи да има инклузивност во самиот процес, рече тој.

Како што изјави министерот, на 1 јануари 2023 година, прогресивниот данок на личен доход стапува на сила, како и оданочување на депозитите и данокот на капитална добивка.

Бесими истакна дека главната цел на реформите не е само фискалните приходи од тие реформи, туку и правичноста на тие реформи

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Објавата на Топ ченел има политичка заднина…

Претседателот на Советот на Општина Чаир, Мухамет…

Москва oд Абу Даби: НАТО да се…

Русија го покрена прашањето за враќање на…

ЗАРЕМ И ПО 63 ИЗГУБЕНИ ЖИВОТИ, КОРУПЦИЈАТА…

На денешното судско рочиште, градежните експерти ги…

Привремениот администратор на АЛТА банка: Никако не…

Илија Андовски, привремен администратор на АЛТА банка…

Топ ченел: Претседателот на Советот на Чаир…

Форумот на исламската младина во Северна Македонија,…