Џафери денеска треба да се изјасни дали ќе има референдум или не
Претседателот на македонското Собрание, Талат Џафери денеска треба да ја разгледа иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за одржување референдум за поништување на Договорот за добрососедство со Бугарија.
Како што соопштуваат од Кабинетот на Џафери тој денеска ќе биде на работа, а од Кабинетот ќе информираат за неговата одлука.
Согласно член 191 став 2 од Деловникот на Собранието доколку иницијативата добие „зелено“ светло од Џафери, тој ќе треба да ја проследи до Законодавно-правната комисија и матичната собраниска комисија, а тие треба да се изјаснат за нејзината уредност во рок од два работни дена.
Ако претседателот на Собранието утврди дека иницијативата е уредна, за тоа го известува овластениот предлагач во рок од три дена од добивањето на мислењето од работните тела. Согласно член 192 став 2, ако претседателот на Собранието утврди дека иницијативата е неуредна, прашањето во врска со иницијативата се става на дневен ред на првата наредна седница.
Собранието со заклучок утврдува дали иницијативата е уредна. Претседателот на Собранието го известува овластениот предлагач за заклучокот на Собранието во рок од три дена.
Во јавноста веќе се појавија информации дека можеби Џафери нема да ја прифати иницијативата, поради неуредност, но останува да видиме дали денеска Џафери ќе одлучи да ја проследи иницијативата до собраниските комисии или не.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…
Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…
Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…