Селими: Референдумот ќе биде неуспешен, европската перспектива е општествен консензус
Според политичкиот аналитичар Сефер Селими, иницијативата за референдум на Мицкоски ќе биде неуспешна „бидејќи има за цел внатрепартиската мобилизација за подготвување на ВМРО-ДПМНЕ за следните избори вo 2024 година“.
-Јасно е дека Мицкоски воопшто нема да наиде на поддршка од ниту една албанска политичка партија за референдумот.Од проста причина, што овој договор помеѓу Бугарија и Македонија се однесува на прашања кои се поврзани повеќе кон односите на Македоците и Бугарите, а другиот дел се однесува на креирање на подобри релации меѓу држвите што не е спорно воопшто. Договорот е потпишан од министер за надворешни работи, од премиерот и истиот е ратифициран и во самиот Парламент што подразбира дека со него е истакната волјата на повеќето од граѓаните на Македонија и на самите Македонци, вели Селими за „Локално“.
Тој потенцира дека правните експерти во земјава треба да се произнесат во врска со тоа дали предложената иницијатива е законска, бидејќи како што вели тој, постојат дилеми дали може да се стави на референдум договор кој веќе е ратификуван и е во сила.
-Доколку постои можност тој да се спроведе сметам дека ќе биде неуспешен бидејќи има за цел за цел внатрепартиската мобилизација на некој начин подготвување на ВМРО-ДПМНЕ за следните избори вo 2024 година, подвлекува аналитичарот.
За предлогот на Мицкоски „референдум и предвремени избори на еден трошок“,Селими вели дека таа “понуда” е поттикната од стравот од дебакалот во однос на излезеноста за референдумот.
-Мислам дека тој има повеќе страв од референдумот дека ќе биде целосен дебакл во однос на излезеноста на граѓаните и учеството во тој референдум, па ако би имало во исто време и предвремени избори би имало повеќе мотивација кај граѓаните да учествуваат и во референдумот така да мислам дека ова повеќе му служи за евентуално опрвдување дури и во случај ако нештата се менуваат и дојде до поддршка за променс на Уставот, смета политичкиот аналитичар.
Според него доколку референдумот успее, тој нема да испрати добра порака кога се во прашање евроинтеграциите на земјата.
-Тоа ќе не венесе во еден ретрограден проецес кој би иницирал процеси кои би биле премногу ризични за нашата држава и тие процеси не би можеле да се предвидат како би се развивале понатаму.Знаеме дека општествениот консензус е за европската перспектива на нашата земја доколку тоа се одземе тешко би можело да се предвид, но сигурно не би биле подобри од тоа што го имаме сега ,а уште помалку од тоа што би можеле да го имаме ако продолжиме да се движиме кон европскиот пат, вели Селими.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…
Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…
Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…