Продолжува средбата на Мешовитата историска комисија: Се разгледува македонскиот учебник по историја за седмо одделение
Во Скопје денеска продолжува средба на Мешовитата историска комисија меѓу Македонија и Бугарија, која ја започна петтата од шесте предвидени средби за оваа година.
Македонските учебници по историја за 7-мо одделение и што би можело да се промени во нив се главна точка на дискусија на новата средба на Мешовитата историска комисија.
На претпоследниот состанок за оваа година, македонските и бугарските историчари се фокусираат врз 10-иот и 11-иот век, а се очекува расправа и за рано османлискиот период. Дводневната средба се одржува во македонското МНР.
Најгорливата тема за ликот и делото на Гоце Делчев се уште не е на дневен ред, а членовите на Комисијата вчера не сакаа да дадат изјави за медиумите пред почетокот на нивната средба.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Петрова и Муцунски во четврток ќе се…
Министрите за надворешни работи на Македонија и…
(Видео) Посмртните останки на цар Самоил предадени…
Бугарскиот премиер Румен Радев пристигна во Музејот…
Кајчев од Историската комисија: Во 2019 договоривме…
Бугарскиот историчар, Наум Кајчев кој е член…
Номинираниот амбасадор на САД во Бугарија: Во…
Номинираниот за нов амбасадор на Соединетите Американски…
Бугарија стана светски лидер во складирање струја…
За помалку од две години, Бугарија стана…