Фон дер Лајен денеска во посета на Киев: Ќе се сретне со Зеленски
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска пристигна во Киев во својата трета посета на Украина од почетокот на војната.
Француските медиуми наведуваат дека за време на посетата таа ќе разговара со украинските претставници за плановите на земјата за интеграција во Европската унија.
„Во Киев, во трета посета од почетокот на руската војна“, напиша Фон дер Лајен на Твитер.
Претседателката на Европската комисија за време на престојот во Киев треба да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски и премиерот Денис Шмигал.
Во нејзините говори во Европскиот Парламент, Фон дер Лајен неколку пати нагласи дека ЕУ е подготвена долгорочно да ја поддржи Украина и дка Путин не смее да победи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија изгубила речиси милион и пол војници…
Русија изгубила околу 1.474.030 војници во Украина…
Најмалку девет загинати во руски ракетен напад…
Најмалку девет луѓе загинаа, а 33 се…
(Видео) Најмасовен украински напад врз Москва и…
Украински дрон ноќеска погодил магацин на „Вајлдберис“,…
Федоров: Наскоро ќе можеме да ја гаѓаме…
Украина во следните три до шест месеци…
(Видео) Украина го нападна Московскиот регион со…
600 украински дронови го нападнаа Московскиот регион…