Борел на неформална вечера со лидерите на Западен Балкан

t

Високиот претставник за надворешна политика и безбедност и потпретседател на Европската комисија, Жосеп Борел, вчера беше домаќин на неформален ручек со лидерите од Западен Балкан, на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации.

Овие неформални собири се одржуваат двапати годишно во Брисел и Њујорк и служат како неформална можност за размена на мислења за предизвиците во регионот и за европската иднина на регионот, соопшти ЕУ.

Вчерашната дискусија била фокусирана на глобалното и регионалното влијание на илегалната и неиспровоцирана војна на Русија против Украина. Високиот претставник Борел и лидерите од Западен Балкан разговараа како заеднички да се решат штетните последици од оваа војна врз цените на храната и енергијата и врз стабилноста и безбедноста во Европа и на глобално ниво.

Борел ја истакна поддршката што ЕУ ја дава на Западен Балкан за зајакнување на енергетската безбедност и за справување со хибридните закани, вклучително и за кибер и странски манипулации со информации и мешање, се вели во соопштението.

ЕУ и Западен Балкан ќе продолжат да стојат заедно во соочувањето со предизвиците што неиспровоцираната војна на Русија против Украина ги наметнува на глобално ниво. ЕУ целосно го поврзува Западен Балкан со своите иницијативи за ублажување на влијанијата од војната.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Балканот денеска е најтоплиот дел од Европа

Во земјите од регионот денеска се активирани…

Грчките здравствени власти предупредуваат на наглото зголемување…

Властите во Грција предупредуваат на зголемено ширење…

ЕУ донираше 35 милиони евра за Србија…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека…

Детална истрага за регионалниот крах на електроенергетскиот…

Комитетот за системско работење на Европската мрежа…

Машала: ЕУ ќе даде 500 милиони евра…

Европската комисија го усвои Предлог-буџетот на ЕУ…