Поразително: 62% од фирмите признаваат дека постои меѓусебно договарање на тендери, 51% дека има корупција
Денес Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) го објави Извештајот од редовниот мониторинг на јавните набавки спроведени во периодот од јули до декември 2021 година, во коj се вклучени и наоди од анкетата на фирмите за нивното искуство при учеството на постапките за јавни набавки, анализа на постапките пред Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2021 година и истражување на договорните органи за нивните кадровски капацитети за јавни набавки. Воедно, ја објавуваме и Базата на јавните набавки на општините во 2021 година.
Во извештајот може да се забележи пораст на бројот на т.н “тендери склучени во четири очи”, кои институции најмногу ги склучувале и податоци од фирмите во коишто е спроведена анкета.
Поразително во овој дел е што 62 % од фирмите признаваат дека постои меѓусебно договарање на тендерите.
Дури 51 % од фирмите сметаат дека има корупција во јавните набавки. Најголем дел од нив сметаат дека врските се најчест облик на корупција.
Меѓу институциите кои склучиле најмногу тендери во четири очи се МВР, МОН и АД “Елекстрани на Македонија”.
Сите податоци од извештатој може да ги погледнете на следниот ЛИНК.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Давеник и за сламка се фаќа… Откако…
Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, кого…
Претепано дете во скопски Центар, претходно два…
„Вчера во 15.00 часот во СВР Скопје,…
Скопјанец пронајден починат во домот во Центар
Вчера попладне, 66-годишен жител на Скопје бил…
За првпат по 50 години Центар доби…
Денеска, Општина Центар свечено ја отвори новата…
Пронајден починат 39-годишен скопјанец во подрачјето на…
На 10.04.2025 во 22.00 часот во СВР…