Есента пристигна, денеска денот и ноќта еднакво ќе траат

t

Пристигна есента во ноќта меѓу 22 и 23 септември, петок, на 266 ден од годината, во 38. седмица, во 3:03 часот по средноевропско време.

Есента ќе трае до 21 декември во 22:48 часот, кога и официјално започнува зимата.

Денеска кога е првиот есенски ден, сонцето изгреа во 6.26 часот, а ќе зајде во 18.34 часот.

Во истиот момент на јужната хемисфера на Земјата започна пролетта, а на северната каде сме и ние, сонцето изгрева точно на исток и заоѓа точно на запад, денот и ноќта се еднакви и траат по 12 часа, есенска рамноденица, кога центарот на Сончевиот диск достигнува нулта деклинација.

Есента ќе трае 89 дена, 20 часа и 44 минути, што е за шест минути повеќе од лани.

Инаку, според метеоролозите, односно нивното толкување, за нив летото заврши на 31 август, а есента ќе трае од 1 септември до крајот на декември 2022 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Исплашено и заробено меѓу огнот: Пожарникари…

Во борбата со големиот пожар што беснее…

(Видео) Зеленски до Путин: Ја сакавте цела…

Украина денес ја слави 35-годишнината од својата…

Поскапуваат горивата – Бензините за 1,5 денар,…

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука…

Пет активни пожари низ Македонија

На ден 24.08.2026 година, до 13:00 часот,…

Трамп вели дека Канада ги сака „бенефициите“…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Канада…