Објавено на:

Кина апелира Русија и Украина да не дозволат прелевање на конфликтот

t

Шефот на кинеската дипломатија, Ванг Ји, во денешниот говор на генералната дебата на сесијата на Генералното собрание на ОН ги повика Украина и Русија да не дозволат „прелевање“ на војната.

„Ги повикуваме сите заинтересирани страни да го спречат прелевањето на кризата и да ги заштитат легитимните права и интереси на земјите во развој“, истакна Ванг, додавајќи дека приоритет е „олеснување на мировните преговори”.

Кинескиот министер за надворешни работи апелираше на „мирно решение на украинската криза преку фер и прагматични разговори“.

Кина е официјално неутрална, но западните земји понекогаш ја обвинуваат дека е премногу помирлива кон Русија.

Во Њујорк, Ванг се сретна со својот украински колега Дмитро Кулеба, кому му пренесе дека Пекинг повикува на почитување на „територијалниот интегритет на сите земји“.

Ванг за време на говорот го спомена Тајван, наведувајќи дека Кина мора „цврсто да се бори против сепаратистичките активности на Тајван и да преземе решителни активности за да се спротивстави на надворешното мешање“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Руската независна „Новаја газета“ престанува со работа…

„Новаја газета“, еден од историските симболи на…

САД бараат од балтичките сојузници да не…

Официјални лица од Пентагон во последните недели…

Масовен напад врз Москва, Украина ноќеска ја…

Градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин утрово изјави…

„Студентската листа“ нема намера да воведува санкции…

„Студентската листа“ нема намера да воведува санкции…

Вучиќ: Никогаш не сакавме да воведеме санкции…

Српската напредна странка денеска ја слави својата…