И Унгарија оди на референдум: Орбан ќе го праша народот дали да воведе санкции за Русија
Унгарскиот премиер, Виктор Орбан реши преку референдум да го праша народот дали е за воведување на санкции кон Руската Федерација или не.
– “Унгарија денес е посилна од кога било од падот на комунистичкиот режим”, рече унгарскиот премиер Виктор Орбан во говорот пред парламентот на почетокот на есенската сесија и додаде дека владата ќе побара од граѓаните да го кажат своето мислење за санкциите против Русија.
Иако санкциите ѝ нанесоа штета на земјата, владата можеби ќе може да се погрижи Унгарија да излезе од кризата уште посилна, рече Орбан, пренесува агенцијата МТИ.
Тој, сепак, најави дека унгарската влада ќе биде првата што ќе побара од својот народ да го изрази своето мислење за санкциите воведени кон Руската Федерација како одговор на војната во Украина.
„ЕУ често ја обвинува Унгарија за кршење на европските вредности, но највисоката европска вредност е демократијата. За санкциите одлучија бриселските бирократи и европската елита. Тие не беа усвоени во демократски процес. Од граѓаните на европските земји не беа побарани нивните мислења, иако тие ја плаќаат цената на санкциите“, рече тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сијарто му ја плесна вистината во очи…
Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто денеска…
Бугарија и Унгарија го потврдија своето стратешко…
Бугарија и Унгарија се согласија да ги…
Сијарто: Србија ја замени Украина како главен…
Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто,…
Поминаа седум часа зад затворени врати па…
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска имаше значаен…
Калас: Подготвуваме план „Б“ во случај Унгарија…
Европската унија подготвува план „Б“ во случај…