Ашковски разочаран: Заслужувме многу повеќе од двата септемвриски натпревари

t

Очекувано не можеше да се сокрие разочарувањето кај македонските репрезентативци по поразот од Бугарија на крајот од годинашното издание на Лигата на нациите.

И Стефан Ашковски нагласува дека Македонија заслужи многу повеќе од двата септемвриски натпревари, но мора со подигнати глави да се продолжи понатаму затоа што националниот тим го очекуваат уште многу предизвици.

„Беше тешко да се игра со фудбалер помалку. Мислам дека незаслужено Тодороски доби црвен картон, но тоа е дел од фудбалот и во денешниот случај пресуди околу натамошниот тек на натпреварот. Но, одиме понатака, оваа Македонија ја очекуваат уште многу предизвици. Жал ни е само што од двата септемвриски натпревари заслуживме многу повеќе од овие резултати“ – истакна по натпреварот Стефан Ашковски.

Извор: ЕКИПА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јотова победи кај Бугарите во Македонија

Сега веќе новата бугарска претседателка Илијана Јотова…

Над 56.000 Бугари гласале „за никого“ на…

Илијана Јотова оствари убедлива предност пред Андреј…

Јотова ја слави победата на претседателските избори…

Илијана Јотова по изборната победа им се…

Илијана Јотова и Кирил Волчев водат на…

Кандидатската двојка Илијана Јотова и Кирил Волчев…

Излезноста во Бугарија до 14 часот е…

Излезноста на претседателските избори во Бугарија до…