Последен ден од референдумите во Украина: На раб ли сме на нова војна?
На териториите на самопрогласените републики Луганск и Доњецк и во регионите Херсон и Запорожје во Украина, кои се под контрола на руската армија, во тек е последниот ден од референдумот за присоединување кон Русија.
Претставниците на изборните комисии на сите овие украински региони веќе ги прогласија референдумите за валидни, бидејќи излезноста уште во текот на вчерашниот ден во сите региони надминала 50 отсто од регистрираните гласачи, пренесува ТАСС.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека ќе ги прифати резултатите од референдумите какви и да се, но според локалните власти над 90% од избирачите гласале за присоединување со Русија.
Путин додаде дека доколку некој го загрози територијалниот интегритет на Русија ќе се одговори со сите расположливи средства, дури и нуклеарно оружје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп ја зазема страната на Русија против…
Пензионираниот американски генерал-потполковник Бен Хоџис го обвини…
Трамп изјави дека Украина мора да сака…
Американскиот претседател Доналд Трамп ја повика Украина…
Администрацијата на Трамп ја одложи испораката на…
Администрацијата на Трамп не го одобри трансферот…
Кличко: Украина никогаш нема да се предаде
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, синоќа упати…
Венс: Украина не треба да биде членка…
Украина не треба да биде членка на…