Објавено на:

УЖАС: Најмалку 11 жртви и 18 повредени цивили при руско гранатирање во украински региони

t

Кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти за најмалку 11 жртви и 18 повредени цивили при руско гранатирање.

Во напад врз градот Первомајскји во североисточната украинска област Харков, загинаа осум лица, меѓу кои и 15-годишно момче, информираа украинските власти.

Гувернерот на областа Харков, Олег Синегубов изјави дека „бесмисленото гранатирање наликува на обид за заплашување на цивилното население“.

Во областа Доњецк, руските сили ги гранатираа градовите Краматорск, Славјанск и Торецк. За 24 часа загинаа три лица, а 13 се повредени. Станува збор за едно подрачје од четирите, каде властите воспоставени од Москва спроведуваат референдуми за пристапување кон Русија.

Руските сили вршеа напади и на градовите Никопол и Марганец, што се наоѓаат директно спроти нуклеарната централа Запорожје, под руска контрола, од другата страна на реката Дњепар, тврдат украинските власти.

Во Кривји Рих, родното место на Зеленски, руска крстосувачка ракета го погоди локалниот аеродром, оштетувајќи ја неговата писта. (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе изгради ли Русија воена база во…

Отворањето на руска воена база во Централноафриканската…

Ковачевски: Во среда гласајте ЗА европска иднина,…

На вечерашниот митинг во Радовиш, претседателот на…

КАСАНДРА ќе глуми водач на нарко клан…

Кораина Торес, позната по улоата на Касандра…

Захарова за изјавата на Камерон дека Украина…

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи,…

Велигденско послание на г.г. Стефан: Македонскиот народ,…

Велигденско послание од МПЦ-ОА, го пренесуваме во…