Во тек ремонт на Блок 1 во РЕК Битола

t

Во РЕК Битола во полн ек е ремонтот на Блок 1. Во активностите се вклучени вработени на комбинатот и стручни лица од домашни компании, известуваат од ЕСМ.

Оттаму додаваат дека заради енергетската криза во државата и Европа, ремонтите на блоковите во РЕК Битола годинава ќе бидат изведени за помалку од 30тина дена, наместо вообичаените 45 и повеќе.

-Фокусот е ставен на највиталните делови од постројките кои после техничко-технолошкото освежување треба да обезбедат стабилност на производството. Ремонтот на Блок 1 на РЕК Битола предвидено е да заврши до 15 октомври, по што ќе следуваат исти активности и на Блок 2. Во меѓувреме се очекува да пристигне трансформаторот за Блок 3, по што РЕК Битола би продолжил со работа со полн капацитет, информираат од ЕСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ГОЛЕМ ПРЕКИН НА ИНТЕРНЕТОТ ВО ШВАЈЦАРИЈА: Проблеми…

Голем прекин на интернет-услугите вечерва, 18 ноември,…

НЕВИДЕН СКАНДАЛ ВО РОМАНИЈА: Речиси половина од…

Невиден скандал ја потресува романската престолнина Букурешт,…

Жена од Пехчево нападната од својот сопруг,…

На 18.11.2026 во 01:30 часот во Пехчево,…

Разбиена крајнодесничарска група во Пловдив која се…

Бугарската полиција приведе 11 лица, меѓу кои…

„Нашата загуба никому не му значи ништо,…

„Нашата загуба никој не ја вреднува, на…