Груевски: Македонија ќе ги надживее и овие сатрапи, како што ги надживеа и оние кои исто така се однесуваа во 1941г!
,,Нека е честит 11 Октомври денот на народното востание и почеток на антифашистичката борба !
Понекогаш помислувам дека треба да ни се случи нешто, како актуелните настани поврзани со толкувањето на историјата (и обидите за) нејзина промена па одредени настани, личности и датуми повеќе да ги разбираме, чувствуваме, вреднуваме и почитуваме!
Но кога ќе се присетам дека грешките ги повторуваме, постојано и постојано, упорно и тврдоглаво, си мислам дека сеуште не сме доволно зрели. Барем оние кои во моментот се мислат дека се најзрели само затоа што имаат приграбено моќ…со рок на траење. Едно зборат во пригодните говори, фб статуси и соопштенија, друго прават во реалноста. Штом народот ќе си ја врати моќта…ќе созреат! Само штетата и жртвите во меѓувреме да се поблаги и помали.
Македонија ќе ги надживее и овие сатрпи, како што ги надживеа и оние кои исто така се чуствуваа и однесуваа во 1941 година!
Нека е вечен празникот и нека е вечна Македонија!” , напиша Никола ГРУЕВСКИ на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ГОЛЕМ ПРЕКИН НА ИНТЕРНЕТОТ ВО ШВАЈЦАРИЈА: Проблеми…
Голем прекин на интернет-услугите вечерва, 18 ноември,…
НЕВИДЕН СКАНДАЛ ВО РОМАНИЈА: Речиси половина од…
Невиден скандал ја потресува романската престолнина Букурешт,…
Жена од Пехчево нападната од својот сопруг,…
На 18.11.2026 во 01:30 часот во Пехчево,…
Разбиена крајнодесничарска група во Пловдив која се…
Бугарската полиција приведе 11 лица, меѓу кои…
„Нашата загуба никому не му значи ништо,…
„Нашата загуба никој не ја вреднува, на…