Бренд концепти: Мерцедес – престижен бренд

t

Името на Карл Бенц е синоним за пронаоѓачот на автомобилот во 1885 година (автомобил на три тркала), додека пак Готлиб Дајмлер, една година подоцна го создаде автомобилот на четири тркала. Подоцна компаниите на овие двајца пронаоѓачи се споија во компанијата Дајмлер-Бенц АГ, која пак е компанија што го создаде брендот Мерцедес-Бенц. Треба ли да споменеме кој е и што претставува овој бренд?

Мерцедес е најпрестижен автомобилски бренд во светот. Автомобилот мерцедес е синоним за деловно успешни луѓе и изразува моќ и посебен животен стил на престиж и доминација. Мерцедес е можеби единствениот автомобил во светот кој подеднакво сакаат да го управуваат и поседуваат мажи и жени, стари и млади, сиромашни и богати. Едноставно овој автомобил е израз на работен и животен престиж.

Приказната за најпрестижниот бренд во автоиндустријата – Мерцедес – метафорично можеме да ја прикажеме во една реченица: “Земете ми сè: фабриката, средствата за работа, капиталот, но оставете ми го само името и јас повторно ќе бидам Мерцедес“. Ова е позната реченица на еден од основачите на Мерцедес-Бенц компанијата. Мерцедес стана бренд, но тоа не го направи преку ноќ, туку со години преку труд, залагање, квалитет и задоволени потреби на корисниците. Компанијата Мерцедес-Бенц е формирана 1924 година со спојувањето на компаниите што ги формирале Карл Бенц и Готлиб Дајмлер, кои живееле на оддалеченост од 70 километри, но никогаш не работеле заедно на своите пронајдоци – мотор со внатрешно согорување и прво возило со четири тркала. Голем дел од својата историја компанијата помина воспоставувајќи се како престижен бренд. Тоа го направи создавајќи супериорни возила во однос на конкуренцијата, кои се луксузни и со посебен стил. Понатаму останатото е историја и традиција. Престиж заснована на страст.

Примерот на Мерцедес покажува колку функционалните бенефити се поврзани со емоционалните чувства и вредностите за потрошувачите. Мерцедес претставува имиџ на брз, издржлив, безбеден и елегантен автомобил. Тој е поим за постојани иновации во технолошки поглед и за класични вредности. Сто години Мерцедес и неговата трокрака ѕвезда претставуваат симбол за моќ, престиж и богатство. Луѓето што поседуваат и возат Мерцедес припаѓаат на друштвото на успешните, што претставува едно од примарните чувства поврзани за овој бренд базирани на емоционални карактеристики.

Заштитниот знак му е трокрака ѕвезда. На љубителите на автомобили насекаде во светот им се појавува страсен сјај во очите кога ќе се спомене името Мерцедес. Тие што го познаваат го почитуваат. Мнозинството го посакува.Мерцедес-Бенц е повеќе од автомобилски бренд. Тој зборува за својот возач исто како за особините што ги има и нивото на сигурност која се чувствува во неговото присуство. Страста спрема брзината, елеганцијата и сигурноста се чувствува во секоја негова линија.

Мерцедес-Бенц постојано се наоѓа помеѓу десетте најголеми светски брендови. Долго време важеше за типично “машки“ бренд. Но се случи и девојки да седнат во мерцедес двосед. Оттогаш тој е универзален бренд чија продажба неколкукратно е зголемена. Спонзорството на културно-уметнички настани и модни ревии низ целиот свет го направија Мецена par excellence. Инженерите и дизајнерите се потрудија мерцедес да биде еден од најсигурните, најбезбедните и најубавите автомобили на светот. Неговите импресивни карактеристики додатно изненадуваат со иновативните решенија кои помагаат при паркирањето, одредувањето на ресторанот, спречувањето на лизгањето и дури ви овозможуваат да гледате во темница.

Во деведесеттите години Мерцедес спроведе кампања за ревитализирање и подмладување на брендот. Кампањата ја нагласуваше суштината на брендот со слоганот: “Страст која трае“. Највредното достигнување на кампањата беше фокусирањето на самиот бренд Мерцедес. Проектирањето, инженерингот и дизајнот и понатаму останаа битни, но пред нив во перцепцијата на клиентите беше истакнат брендот на Мерцедес сочинет од извонредниот производ (автомобилите), асоцијациите за него и вредностите што се вткаени во неговата суштина. Еве како изгледа таа “мерцедес-равенка“.

Мерцедес (основен бренд) = Производ + Вредности + Асоцијации за брендот

Расчленета на елементите кои се вградени во секој посебен сегмент од равенката, изгледот на сликата е следниот:

  • Производ (перформанси, сигурност/безбедност, луксуз, прогресивност)
  • Вредности (иновативност, автентичност, квалитет)
  • Асоцијации (единствен, докажан, динамичен, сериозен, традиционален)

Ете зошто возењето со мерцедес-бенц е искуство кое се памети. Семејни луѓе и спортисти, авантуристи и флегматици, конформисти и слободњаци – сите пронаоѓаат нешто интересно за себе во понуденото од Мерцедес-Бенц. Бренд со бесконечна елеганција. Не можеш да го објасниш. Затоа:почувствувај го! Дава моќ, создава престиж.

Има една особина што го прави апсолутно неодолив. Каде и да се појави по него сите се вртат, машки и женски, деца и пензионери. Сетете се на Сузана Манчиќ и црвениот мерцедес кабриолет во кој таа се возеше како најубава лото-девојка од поранешната Југославија. Тоа беше стил, елеганција, квалитет и убавина. Танго за двајца: Сузана и Мерцедес, посакувано од секој што ги виде.

Мерцедес е голем заводник, има обичај и навика и вас да ве направи многу допадливи – на сите!

Луѓето го сакаат зашто ги прави среќни.

Мерцедес… престиж… респект… стил… луксуз!

Сотир Костов

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ХИТ: Сопственичка на фитнес клуб на својата…

Сопственичката на фитнес центарот од Груд, мало…

Арачиновец со „Мерцедес“ се удрил во полициско…

Вчера во 17.40 часот било пријавено дека…

Велосипедистка тешко повредена откако Мерцедес удрил во…

Вчера утрото, велосипедистка била тешко повредена откако…

Штајнмајер го посети Кавадарци со “Мерцедесот од…

Претседателот на Сојузна Република Германија, Франк-Валтер Штајнмаер…

Бренд концепти: Мерцедес – престижен бренд

Името на Карл Бенц е синоним за…