Полски генерал предлага Украина да ја нападне Русија: Нападот е најдобра одбрана!
Украина мора да ја нападне Русија за да се „одбрани себеси“, предложи Мирослав Ружански, генерал на резервниот состав на полската армија, во интервју за Радио Зет.
„Најдобрата форма на одбрана е нападот. Мора да создадеме услови за да можат Украинците да се бранат со напад“, рече воениот водач.
Ружански повика на удар на транспортната инфраструктура за да не може руската армија да го користи. Генералот советуваше и употреба на ракетните системи ХИМАРС.
Соединетите Држави и ги доставија овие ракетнни системи на Украина под услов комплексите да не се користат за напади на руска територија. Во исто време, како што изјави државниот секретар Ентони Блинкен на крајот на септември, Вашингтон нема да се меша во употребата на оружјето пренесено на Вооружените сили на Украина на териториите каде што се одржаа референдуми за приклучување кон Русија. Киев ги прифати овие услови.
Вашингтон и сојузниците во НАТО постојано изјавија дека ќе продолжат да ја поддржуваат Украина и да ја снабдуваат со оружје. Во исто време, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг тврдеше дека организацијата не е страна во конфликтот.
Во Москва посочија дека вооружувањето на Украина од страна на Западот треба да се смета како учество на НАТО во конфликтот на територијата на земјата. Ова го изјави прес-секретарот на Владимир Путин Дмитриј Песков, како и заменик-претседателот на Советот за безбедност Дмитриј Медведев.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рубио: Русија и Украина се заинтересирани за…
Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави…
ЕУ отпушта 3 милијарди евра за Украина…
Амбасадорите на земјите од ЕУ потврдија дека…
Русија нападна десет украински региони за една…
Во изминатите 24 часа руските сили нападнаа…
РУСКИ ДРОН УБИ СВЕШТЕНИК ВО УКРАИНСКИ МАНАСТИР…
Руски FPV-дрон удрил во манастир во селото…
(Видео) Масовен напад со дронови врз Москва,…
Москва и поширокиот московски регион во текот…