Огнената група во ДУИ не ја исклучува можноста за фракционерство!
Утре во седиштето на ДУИ во Мала Речица нова средба во врска со судбината и барањата на таканаречената „Огнена група“.
На консултативна средба во седиштето на ДУИ се повикани членовите на оваа група Изет Меџити, Блерим Беџети, Муса Џафери итн. и покрај тоа што извори од АЛСАТ велат дека и деновиве имало консултативни средби, и тоа после одлуката на лидерот на оваа партија, Али Ахмети да прифати конституирање на партиските органи.
Меѓутоа овие неколкучасовни разговори не открија ништо повеќе, дознава АЛСАТ, додека од „Огнената група“ не ја исклучуваат можноста за фракционерство.
Нејзините претставници и во последната емисија на АЛСАТ го спомнаа таканаречениот „план Б“, и покрај тоа што барањата, според нив имаат за цел да ја спасат ДУИ и да ја вратат дебатата во партијата.
Во сабота се очекува Генералниот совет на ДУИ да одлучува за составот на централно претседателство како и за непосредната одговорност на извршната власт.
Извор: Алсат
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДУИ бара сеопфатен ветинг на сите јавни…
Претседателот на ДУИ Али Ахмети денеска имаше…
ДУИ му одговори на Мицкоски: Ние сме…
„ДУИ како државотворна партија е гарант за…
ДУИ за кривичната пријава против Бектеши: Го…
Откако поранешниот министер за економија Крешник Бектеши…
ДУИ предупредува: Се руши демократскиот поредок на…
По сериозните закани и насилни пораки упатени…
ДУИ КОНТРА ВЛЕН ЗА „АЛБАНСКА АКАДЕМИЈА“: Квази…
И ова се случи, во екот на…