Дури тогаш ќе се избориме со криминалот – ДУИ “го мерка” ОЈОГОКК? Заинтересирани Обвинителството да го води нивен кадар!

t

Изборот за шеф на Јавното обвинителство за гонење кривични дела од организиран криминал и корупција за првпат зависи од сите обвинители во државава, но наголемо се почнати лобирања и притисоци, а според „Фокус“, на позицијата сега претендира и Демократската унија за интеграција (ДУИ), која веќе има предлози за прв човек на обивнителството.

За неполн месец, на 7 ноември, обвинителите од целата држава ќе гласаат кој да биде новиот шеф на ова обвинителство, а ваквата опција, според „Фокус“ лесно би била изводлива доколку пред изборот се повлечат дел од пријавените кандидати или, пак, воопшто да не конкурираат, а како опција, на пример, останат еден или двајца кандидати.

Засега, само скопскиот обвинител Ермон Незири јавно кажа дека сака да застане на шефовската позиција во обвинителството кое треба да ја предводи борбата против организираниот криминал во државата.

Покрај досегашната шефица Вилма Русковска, која вчера во изјава за месиумите ја обзнани својата намера повторно да застане на чело на обвинителството, „Фокус“ дознава дека кандидатура поднела и Енѓелуше Кадриу Леши, актуелна обвинителка во оваа институција. И името на гостиварскиот виш обвинител Ислам Абази, според сознанијата на „Фокус“, е можно да се најде на листата на кандидати, пишува „Фокус“, кој во најновиот број на неделникот ги открива и другите можни кандидати.

Вилма Русковска вчера изјави дека нејзината кадидатура за нов мандат како шефица на ОЈОГОКК е поднесена и дека очекува нејзините колеги да ја поддржат. Воедно Русковска, во одговор на прашање од Инфомакс, посочи дека верува дека ваквиот притисок врз неа е и порака за нејзините колеги да внимаваат за кого ќе почнат постапка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДУИ до Јаневска откако застанаа против интонирањето…

Демократската унија за интеграција со реакција до…

Левица: ДПМНЕ клекна пред ВРЕДИ и ДУИ,…

Откако ДПМНЕ со фанфари најавуваше интонирање на…

Владата го повлече предлог-законот за средно образование,…

Законот за средно обеазование е повлечен од…

Тошковски на прашање на Инфомакс: Еден од…

На јавноста ѝ е познато кои двајца…

ДУИ: Закажувањето седница за јавна дебата за…

„Денес заврши една недела која на најјасен…