Петровска: Македонија е позитивен пример за родова еднаквост – Жените не се бројка или процент
Министерката за одбрана Славјанка Петровска смета дека Македонија е позитивен пример во доменот на родовата еднаквост и родовата перспектива посочувајќи се себеси како пример.
– За мене многу поважно е придонесот на жените да се гледа од квалитативен аспект, како жени лидери и жени донесувачи на одлуки, не само како бројка или процент”, рече Петровска на Конференцијата „Жени, мир и безбедност” која се одржа денеска во Приштина на иницијатива на претседателката на Косово, Вјоса Османи.
Петровска посочи дека во Македонија, во безбедносниот сектор, освен на позицијата министерка за одбрана, жени се поставени и на позиции заменичка на министерот за надворешни работи, државна секретарка во Министерството за внатрешни работи и заменичка на директорот на Агенцијата за разузнавање – клучни лидерски позиции на кои жените можат да направат разлика и да дадат суштински придонес.
Петровска истакна дека е направен голем исчекор во одбраната и во бројот на жените во Армијата на Република Македонија, но и во вклучувањето на родовата еднаквост и родовата перспектива во политиките на Министерството.
„Во 2012 година, бројот на жени во Армијата бил под 5 проценти, додека денес е зголемен за двојно, односно изнесува над 10 проценти. Зголемувањето може да се види и на клучни менаџерски позиции. Важно е што работиме и внатре во институцијата, но и во јавноста и кон граѓаните проектираме родова еднаквост и родова перспектива. Министерството е родово сензибилизирано, односно во Министерството работат 28 НАТО родови обучувачи, кои во континуитет спроведуваат обуки и тренинзи за потребата од родова еднаквост, родов баланс и родово сензитивни политики”, истакна Петровска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…
Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…
Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…