Малковски: Тоа што е почнато на 23-ти октомври 1893 се заокружува со АСНОМ, кога Македонците се изборија за државност
На научниот симпозиум 129 години ВМРО „БОРБАТА ЗА МАКЕДОНИЈА КОЈА ТРАЕ“, организиран од ВМРО-ДПМНЕ, свое обраќање имаше проф. д-р Ѓорѓи Малковски кој зборувајќи периодот после Втората светска војна и за развивањето на автохтоното вооружено востание во Македонија за кое, како што истакна е континуитет на Илинденското востание, а за тоа зборуваат и имињата на партизанските одреди.
„Кога зборуваме за периодот од Втората светска војна, па се до 1992 година треба да имаме во предвид два клучни моменти. Во Македонија почнува и се развива автохтоно вооружено востание кое што успехот го заокружува за време на АСНОМ, односно со одлуките на АСНОМ за државност на македонската независност и суверенитет. Меѓутоа треба да заеме дека овој период кој што се развива во текот на Втората светска војна и по воениот период, всушност е период кој тоа е континуитет на илинденските традиции. Познато е дека кревањето на вооруженото востание и периодот на делувањето во текот на Втората светска војна е инспирирано од Илинденското востание и од илинденските традиции. За тоа зборуваат имињата на партизанските одреди кои што ги носат имињата на илинденците, меѓутоа за тоа зборуваат и говорите, прогласите итн. каде што секој проглас секој пишан документ и секој леток го истакнува и го укажува фактот дека борбата е продолжение на Илинденското востание“, истакна Малковски.
Тој исто така додаде и дека процесот на создавање на македонската државност после Втората светска војна е исклучително важен заради започнувањето на илегалната активност на млади револуционери кои се нарекуваа „Чентовисти“.
„Процесот на создавањето на македонската држава во периодот после Втората светска војна е исклучително важен. Важен е заради тоа што се започна една илегална активност на млади револуционери кои што се нарекуваа „Чентовисти“, односно луѓе кои што ги почитуваат традициите на Методија Андонов-Ченто. Знаете вие дека Ченто како човек и како личност беше храбар, мудар, меѓутоа пред сѐ беше човек кој што има имагинарна верба дека еден ден Македонија ќе дојде до обединување. На состанокот во Вис со Јосип Броз-Тито, заедно со Емануел Чучков и Кирил Петрушев, Ченто во четири очи му вели на Тито: „Господине претседателе, ние ја испочитувавме борбата, Македонците се вклучија, направивме тоа што го направивме и сега сакаме да се обединиме. Желбата ни е да ни помогнете околу обединувањето на Македонија“. Тито го послуша и му рече: „ Да, не е проблем, ние ќе се бориме за Македонија да се обедини и ќе ви помогнам во таа ваша цел“. Но, се разбира знаете дека од тоа не испадна скоро ништо, но факт е дека сепак тоа што го кажа и тоа што го сакаше Ченто го кошташе живот односно девет ипол години затвор и добивање рак на желудник од што умира 1957 година на 24 јули. Не само Ченто, туку и Панко Брашнар кој што ги кажа зборовите за обединета и независна Македонија, исто така беше затворен“, истакна Малковски и додаде:
„Овие нивни желби ги задоволија и младите ученици. Учениците кои што ја формираа ВМРО-ПРАВДА која што постоеше се до 1985 година, низ кое поминаа стотици и стотици млади деца, средношколци и студенти кои што ја имаа желбата за Македонија за слободна македонска држава“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
НОВИ 10 МИЛИЈАРДИ ЕВРА ЗА ИСКОП НА…
Европратениците насочија дополнителни десет милијарди евра за…
ТРАМП МУ СЕ ЗАКАНИ НА ИРАН: „ЌЕ…
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека…
МВР повтрди: Лишен е од слобода вработен…
Полициски службеници од Одделот за сузбивање на…
Студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“ ќе биде отворен…
Привршуваат активностите за темелна и енергетски ефикасна…
Раководител во Дирекцијата за заштита и спасување…
Полициски службеници од Одделот за сузбивање на…