Ефектот на санкциите: Трговската размена меѓу Русија и Кина се зголеми за една третина од почетокот на годината
Трговската размена меѓу Русија и Кина, според податоците за првите три квартали од оваа година, е зголемена за 32,5 отсто и изнесува 136.089 милијарди долари, покажуваат најновите податоци на кинеската Царинска управа.
Во пресметковниот период Кина во Русија извезла стоки во вредност од 52.244 милијарди долари, што е за 10,3 отсто повеќе во однос на истиот период лани, додека руските испораки во Кина истовремено се зголемени за 51,6 отсто, достигнувајќи 83.845 милијарди долари.
Во септември трговската размена меѓу двете земји изнесуваше 18.656 милијарди долари. Русија во Кина извезла стоки во вредност од 10,656 милијарди долари, додека Кина во Русија 7,99 милијарди долари.
Според показателите од 2021 година, овој индекс порасна за 35,8 отсто и достигна рекордни 146.887 милијарди долари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Волстрит џурнал“: Орбан е кандидат за генерален…
Соединетите Американски Држави го поттикнале поранешниот унгарски…
И Македонија ќе треба да излезе од…
Русија ќе се обиде да ја искористи…
Во Кина 110 хуманоидни роботи поставија Гинисов…
Во кинескиот град Џинан, во провинцијата Шандонг,…
НОВ НАПАД ВО ЦРНОТО МОРЕ: РУСИЈА ПОГОДИ…
Руските вооружени сили погодиле брод за насипни…
Трамп ја зазема страната на Русија против…
Пензионираниот американски генерал-потполковник Бен Хоџис го обвини…