Средба Османи-Сарацин: Голема благодарност до Германија за поддршката на нашиот евроинтегративен пат

t

 Берлинскиот процес несомнено продолжува да биде значаен двигател на реформските процеси во нашиот Регион, истакнал министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешната средба со Мануел Сарацин, специјален претставник на Сојузна Република Германија за Западен Балкан.

Како што соопштија од МНР, тој изразил големо задоволство од позитивниот исход од министерскиот состанок во рамки на Берлинскиот процес одржан минатата недела и усвоената Декларација за имплементација на заедничкиот регионален пазар и најавеното потпишување на договорите за признавање на академски квалификации/дипломи, професионални квалификации и патување со лични карти во Регионот на самитот, што треба да се одржи на 3 ноември, во Берлин.

Османи изразил благодарност за недвосмислената поддршка на Германија за евроинтегративниот процес на Македонија и брифирал за тековниот скрининг, како особено значајна фаза во процесот на пристапните преговори со Европската Унија.

За време на средбата, двајцата соговорници изразиле задоволство од интензивната динамика на политички дијалог меѓу двете држави, која значи градење силни и стабилни партнерски односи со Германија.

– Фактот дека Германија е наш најголем политички и економски партнер е само уште една потврда за германската посветеност и интерес за присуство во Регионот, нагласил шефот на дипломатијата Османи.

Двајцата соговорници ја истакнале важната улога на НАТО во зачувување на европската и светска  безбедност во дадениот нестабилен геополитички контекст, како и важната улога на Република Македонија како земја претседавач на ОБСЕ во 2023 година.

(МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се урна хотел во Германија: Едно лице…

Едно лице е пронајдено мртво, а осум…

Татко и син учествувале во нелегални трки,…

Двајца мажи, за кои се верува дека…

Вучиќ го пречека Шолц во палатата „Србија„:…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во Палатата…

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

(ВИДЕО) Бура ги опустоши Германија, Словачка и…

Силно невреме синоќа ги погоди Германија, Чешка…