Нов хакерски напад во Албанија за време на посетата на Фон дер Лајен: Објавени лични податоци за Рама и шефот на тајната служба!
Ирански хакери на Telegram ги објавија сите лични податоци на албанскиот премиер Еди Рама. Ова се случи точно во моментот кога претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен беше во посета на Тирана, јави ABC News, цитирана од Нова ТВ.
Меѓу објавените податоци се личната карта, пасошите, домашната адреса итн. Објавени се и информации за секое влегување и излегување на Рама од Албанија од 2005 година до мај годинава. Документот содржи податоци за 394 патувања на премиерот, од кои повеќето биле со авион, но дел од нив биле направени со автомобил од Албанија преку граничните точки со Грција или Македонија. За одбележување е тоа што најчесто патувал со скапи чартер летови, а најчеста дестинација на Рама била Турција. Според податоците на системот ТИМС, годинава од 15 летови на Рама надвор од Албанија, 13 се чартер.
Хакерите на својата веб страница објавија и информации за директорот на албанската тајна служба СИШ Хелидон Бендо.
Групата „Таткова правда“ пред само денови објави податоци од полицискиот систем МЕМЕКС, во кои се наоѓа списокот на лица осомничени за криминални активности. Досиејата ги содржат имињата на 105 илјади Албанци кои имаат проблеми со правдата. МЕМЕКС е познат и како Систем за управување со криминални информации и е главната алатка во работата на државната полиција. Таа води тајно досие за секој криминалец.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонците го одбележаа Преображение во црквата во…
Македонците по потекло од селото Ербеле, областа…
(Видео) Историска снимка од првата средба на…
Весникот „Македониум“ за првпат објавува драгоцена архивска…
СЕМЕЈСТВОТО АПЕЛИРА ЗА ПОМОШ: 4-годишно дете од…
Четиригодишно дете од Македонија, исчезнало во областа…
Ваљон Бела и Бекир Халими се прогласени…
Министерството за внатрешни работи на Албанија прогласи…
Албанија прогласи двајца државјани на Македонија за…
Топ ченел објави дека Министерството за внатрешни…