Довербата во економијата на Еврозоната на најниско ниво во последните две години
Довербата во економијата на Еврозоната овој месец паднала на најниско ниво во последните речиси две години, последица на забележаниот значителен пад во производствениот и во услужниот сектор, покажуваат денеска објавените резултати од истражувањето спроведено од Европската комисија.
Очекувано, индексот на економската доверба во октомври се намалил на 92,5 поени од 93,6 минатиот месец, на ниво најниско од ноември 2020 година.
Според резултатите од истражувањето, во преработувачкиот сектор индексот на економска доверба паднал за 1,2 поени, на ниво најниско ниво од јануари 2021 година.
Значително влошување бележат и проценката на менаџерите за сегашното ниво на нарачки.
Намалената доверба во производствениот и услужниот сектор е делумно неутрализирана со благо подобрување на довербата кај потрошувачите и малото зголемување на деловната активност на трговците на мало.
Индексот на доверба на потрошувачите во Еврозоната во октомври се искачи на -27,6 поени, од рекордно ниското ниво од -28,8 поени забележано минатиот месец.
Порасна и индексот на доверба во градежниот сектор во октомври, до 2,6 поени наспроти 1,8 поени во септември, последица на оптимистичките очекувања на градежните компании за дополнителен ангажман работна сила. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
АФД ВОДИ! 1,7 милиони избирачи во германската…
АфД се очекува да освои околу 40…
Почна апсењето на пироманите: Полицијата приведе маж…
Полицијата приведе 38-годишен маж од Македонски Брод…
МВР: Приведен возач од СОЗР, примил мито…
Од Министерството за внатрешни работи (МВР) велат…
(Видео) Техеран: Оштетивме американски носач и разурнувач,…
Иранската Исламска револуционерна гарда (ИРГЦ) денеска соопшти…
Од 15 до 30 минути се чека…
На Граничниот премин Богородица, времето на чекање…