Ученици од Битола кои биле истомисленици на бугарскиот клуб ,,Иван Михајлов” заминале во Софија на предавање и разговор со Милен Врабовски
Студенти и ученици од Северна Македонија пристигнаа во Софија, Бугарија, на дводневна посета. Младите се истомисленици на бугарскиот културен клуб ,,Иван Михајлов” во Битола и дел од долгогодишната програма на Фондацијата Бугарска меморија за градење на добрососедски односи- пишува на страницата на фондацијата, на чие чело е Милен Врабовски, човекот кој ги финансира бугарските клубови во Битола и Охрид.
Објавени се повеќе фотографии од учениците, како и појаснување дека заедно со нив во Бугарија допатувале Жанета Сервини, директорка и Љупчо Здравковски, заменик директор на средното техничко училиште ,,Ѓорѓи Наумов” од Битола.
Според информацијата која ја објави фондацијата на Врабовски, на учениците им било одржано предавање од страна на старешина од Националната гарда на Бугарија, Димитар Борисов, кој предавал на тема поврзана со историјата на гардата, а пак Врабовски им раскажал за приоритетите и причините за основањето на фондацијата, како и за многубројните донации кои ги остварил во Македонија.
Пишува и дека учениците го посетиле Националниот историски музеј, а исто така се забавувале и на картинг.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
НОВИ 10 МИЛИЈАРДИ ЕВРА ЗА ИСКОП НА…
Европратениците насочија дополнителни десет милијарди евра за…
ТРАМП МУ СЕ ЗАКАНИ НА ИРАН: „ЌЕ…
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека…
МВР повтрди: Лишен е од слобода вработен…
Полициски службеници од Одделот за сузбивање на…
Студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“ ќе биде отворен…
Привршуваат активностите за темелна и енергетски ефикасна…
Раководител во Дирекцијата за заштита и спасување…
Полициски службеници од Одделот за сузбивање на…