(Видео) Сите не му чинат: Мицкоски ја нападна Левица, била во коалиција со власта
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ наместо да го обединува опозицискиот фронт за пад на власта на СДСМ и ДУИ, повторно јавно напаѓа опозициска партија, овојпат Левица.
Според Мицкоски Левица е во коалиција со власта, а ДУИ работи за Левица и му задава удари на ВМРО-ДПМНЕ.
– Секогаш ДУИ напаѓаат дека ВМРО-ДПМНЕ било во коалиција со Левица. Тоа го прават само поради една причина, во очите на македонските гласачи Левица да ја направат жртва дека ги напаѓаат криминалците на ДУИ и на тој начин да му зададат удар на ВМРО-ДПМНЕ од десно.
Ај прашајте Левица со кого е коалиција во Скопје, Битола, Ѓорче Петров, рече денеска Мицкоски.
Коалицијата “За Обнова на Македонија” предводена од ВМРО-ДПМНЕ постојано се ситни, неодамна ГРОМ ја напушти коалицијата, дел ос албанските партии кои Мицкоски ги смета за коалициони партии од албанскиот блок јавно се спротивставуваат на ставовите на партијата и даваат поддршка за промена на Уставот, а имаат и дополнително барање на бришење на 20% кај албанскиот јазик.
Левица не е во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, но е една од најголемите опозициски партии и логично би било Мицкоски наместо да ја напаѓа, да соработува со Левица за уривање на сегашната власт.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица предлага намалување на работното време од…
Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, денеска на…
Левица објави јавен повик: Секој кој сака…
Левица објави јавен повик за кандидати за…
Левица: Крајно време е „четвртата економска сила…
Трошоците за живот растат од ден во…
Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…
Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…
Апасиев: Лидерот на ДПМНЕ ги хушка неговите…
Лидерот на ДПМНЕ ги хушка неговите млади…