Левица Ресен: За Мицкоски посетата на Јотова не е провокација!

t

ЗА МИЦКОСКИ ПОСЕТАТА НА ЈОТОВА НЕ Е ПРОВОКАЦИЈА, реагираат од локалниот огранок на Левица во Ресен.

– Откако Левица алармираше дека во село Евла се најавува отворање нов бугарски клуб, вчера и официјално потпретседателката на Бугарија, ЈОТОВА го посети селото.

Јотова беше во посета на локалниот бизнисмен, чиј проект е финансиран од бугарската држава.

Токму Левица објави дека за овој бизнисмен, кој има конекции и со СДС и со ДПМНЕ, има информации дека врши притисоци врз населението за бугарски пасоши.

Од друга страна, Мицкоски во официјална изјава не ја осуди посетата на Јотова, туку напротив – сметал дека тоа не е провокација!

Јасно е дека Левица, со организирани анти-фашистички протести во Охрид и Битола, останува единствена опозиција која реално се бори против агресивната бугаризација, диригирана од официјална Софија, пишуваат од Левица на Фејсбук.

Инфомакс пред неколку недели ексклузивно објави дека во Евла се врши присилна бугаризација на населението и дека можеби токму Ресен ќе биде новиот град во кој ќе се отвори бугарски клуб.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Мециновиќ: Ребалансот на Буџетот е рај…

Владата прави ребаланс на буџет по мерка…

Пратениците од Левица бараат широка јавна расправа…

Пратениците на Левица најавуваат дека ќе побараат…

Доколку не сака да заврши како СДСМ,…

Доколку не сака да заврши како СДСМ,…

(Видео) Левица ги подбра ЕВН: За влакно…

Во попладневните часови поради дефект на далекувод…

Левица поднесе законски измени за 50 годишна…

Левица поднесе законски измени за 50 годишна…