Траги-комедија: АД ЕСМ ќе помогне за обновување на електро-енергетскиот систем на Украина

t

АД ЕСМ ќе вложи напори да им помогне на граѓаните на Украина, со опрема и делови кои ги има на залиха, а кои во моментот не се неопходни за користење, соопштија од компанијата.

За таа цел генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, оствари средба со амбасадорката на Украина, Лариса Дир и заменик-амбасадорот, Роман Буга.

На средбата се разговараше за тешката состојба во енергетскиот сектор во Украина, како последица на воените дејствија произлезени од конфликтот со Русија, што доведе до тоа 1 милион жители на Киев да живеат без струја и вода, во крајно тешки услови, се вели во соопштението од средбата.

Амбасадорката Дир побара помош од страна на АД ЕСМ со цел да се даде придонес во обновување на инфраструктурата за производство на електрична енергија во Украина.

Од АД ЕСМ посочуваат дека ќе вложат напори да им се помогне на граѓаните на Украина, искажувајќи грижа не само за нашите граѓани во границите на Македонија, туку и за сите луѓе кои се соочуваат со предизвици и на кои може да им се помогне.

АД ЕСМ ќе помогне со опрема и делови кои ги има на залиха, а кои во моментот не се неопходни за користење.

Покрај за производството на електрична енергија, од украинската амбасада беше побарана помош и за преносниот систем за електрична енергија, за што ќе треба да помогнат другите субјекти во електро-енергетскиот систем.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Советот на Европа прими 195.000 барања за…

Регистарот на штети во Украина, отворен поради…

Украинскиот град Олешки се соочува со глад…

Украинските сили доставија околу 4 тони храна…

Руски дронови ја запалија украинската Национална академија…

Руски беспилотни летала го нападнаа центарот на…

Зеленски: Путин постојано наоѓа изговори за да…

Русија бара каков било изговор за да…

Свештеник почина по напад со нож во…

Еден свештеник почина, а уште четири лица…