Утре во Скопје пиле нема да може да прелета, не тргнувајте со возило-доаѓа Еди Рама

t

Односите меѓу Македонија и Албанија се на исклучително високо ниво, исто како што се на исклучително високо ниво и со другите соседни држави, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски по увидот на реконструираната полициска станица во Гази Баба.

Одговарајќи на новинарско прашање за утрешната заедничка владина седница со Албанија, Ковачевски рече дека граѓаните може да очекуваат да има средба меѓу двете влади, во исклучително позитивна атмосфера.

-Министерствата веќе имаат подготвено поголем број меморандуми и одлуки за соработка, кои утре не само што ќе бидат разгледани, туку и ќе бидат потпишани заедно со министрите од Албанија, нагласи Ковачевски.

Премиерот посочи дека за целиот тек на средбата за заедничката владина седница медиумите постојано ќе бидат информирани. Подоцна, како што рече, веројатно ќе следува и прес-конференција со премиерот на Албанија Еди Рама

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Кличко до Зеленски: Каде е ПВО…

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, денеска се…

БУГАРИЈА НЕМА ДА ЈА ПРЕДАДЕ ИВА МИХАИЛОВА…

Бугарија нема да ја предаде Ива Михаилова…

Полска размислува за воведување на задолжителна воена…

Полска размислува за воведување на задолжителна воена…

296 сообраќајни прекршоци за два дена преку…

Вкупно 296 сообраќајни прекршоци биле регистрирани преку…

ФБИ и МВР разбиле сајбер-шема: 20-годишник од…

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава…