Зеленски тврди: Тоа што паднало во Полска сигурно не е украинско
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека „нема сомнеж оти проектилот што ја предизвика експлозијата во Полска не бил украински”.
Зеленски додаде дека Украина „мора да има пристап” до местото каде што загинаа двајца луѓе, а четворица беа повредени.
Неговите коментари доаѓаат откако и Полска и НАТО соопштија дека Полска „најверојатно” била погодена од украинска ракета за противвоздушна одбрана, но дека „нема индикации” оти станува збор за намерен напад.
Секретарот на украинскиот Совет за национална безбедност и одбрана, Алексеј Данилов, денеска изјави дека Киев има докази за „руска трага” во експлозијата во источна Полска за која Варшава и НАТО велат дека најверојатно била предизвикана од украинска ракета за противвоздушна одбрана.
Меѓутоа, полскиот премиер Матеуш Моравјецки попладнево изјави дека „не може да се исклучи нападот, на четири милји од украинската граница, да бил провокација”.
„Не можеме да исклучиме дека гранатирањето на украинската инфраструктура во близина на границата е намерна провокација направена со надеж дека таквата ситуација може да ескалира”, рече Моравјецски, кој сепак беше воздржан околу можноста врз полското село да паднале руски ракети.
Американскиот претседател Џо Бајден денеска изјави дека во селото Пжевовод на полско-украинската граница, според нивните информации, најверојатно по грешка паднала украинска противвоздушна ракета.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Полска започна операција на границата со Белорусија
Полска ја започна операцијата „Безбедна подласие“ на…
Полска бара земјите од ЕУ да ја…
Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски…
Зеленски и Туск потпишаа договор за безбедносни…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски и полскиот премиер…
„Многу тешка ноќ“: Полска ја подигна авијацијата…
Полска синоќа ги подигна своите воздухопловни сили…
Захарова: Варшава го гледа западниот дел на…
Официјална Варшава го гледа западниот дел на…