(Видео) Тараври: Не ни се допаѓа вордингот на ВМРО-ДПМНЕ – Ќе продолжиме да ја критикуваме ДУИ и ако влеземе во Влада!

t

Денеска имавме втора средба со господинот Ковачевски, после првата на 7 ноември, лидерската средба на парламентарните партии. Денеска разговаравме за европскиот пат кој мора да продолжи, бробата со корупцијата, за законите кои се блокирани кои Алијанса за Албанците цело време ги поддржуваше (европските закони) за доброто на граѓаните, кистакна во денешната изјава за медиуми претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари.

Не сме добиле официјална понуда за влез во Влада, нагласи тој, но не ја отфрли опцијата да започне преговори за влез во Владата.

– Не ја отфрлам опцијата дека може да почнеме преговори за влез во Влада, но засега не сме започнале преговори, ако започнеме преговори ќе имаме црвени линии за да продолжиме со преговори. Имаме пакет на мерки кои сме кажале дека ќе ги презентираме, тој сет на мерки ќе биде услов за започнување преговори и влез во Влада, вели Трааври.

Според него тие имаат комуникација со сите партии. Во одговор на нашетопрашање каде се разидоа ставовите со ВМРО-ДПМНЕ тој одговори:

– Ние имаме комуникација со сите политички партии, па и со ВМРО-ДПМНЕ, во одредени општини имаме и коалиција со ВМРО-ДПМНЕ , но пред околу пет месеци кога ја прекинавме комуникацијата со Данела Арсовска, после неколу месеци и ВМРО се дистанцира. Вордингот што го користи ВМРО во последно време воопшто не ни се допаѓа, го намалува капацитетеот за коалицирање со албански партии не само со Алијанса. Имам впечато како да се натпреваруваат со Левица кој ќе даде понационалистичка изјава, станува националистичка партија што искрено на нас ни штети. Ние имавме соработка за локални избори и ќе продолжиме комуникација со сите партии без разлика дали се власт или опозиција.

– Продолжувам да ги критикувам ДУИ и корупцијата, скандали објавува Алијанса за Албанците, ние ќе продолжиме со истите критики без разлика дали сме во Влада или не, нагласи Таравари.

ЛИНК од видеото

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Таравари за ТВ21: За Алијанса е многу…

Во просториите на општина Гостивар попладнево се…

Изет Меџити ја повикува Алијанса за Албанците…

„Јас сум убеден дека ако останат со…

Русија и Кина формираат енергетска алијанса

Русија и Кина се во процес на…