Дали очекувавте поинаку? За државјанството на Онишченко АНБ лоцирала одговорност кај поединец кој не ја испочитувал процедурата!

t

Директорот на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски по прекинот на седницата на собраниската Комисија на која реферираше за давањето држајванство на Украинецот Онишченко во изјава за медиумите кажа дека Агенцијата лоцирала одговорност кај поединец вработен во АНБ кој не ја испочитувал процедурата.

-Ако ме прашате зошто толку чекање, мораме да ги почитуваме процедурите: прво да се направи испитување каде затаил системот, ако затаил. Комисијата започна, рефериравме за државјанството на Онишченко. Безбедносните проверки се прават според Нато стандарди по три нивоа и потребни се потписи од 10 припадници на АНБ. Се оди на терен и се проверува. Потоа доаѓа во Централа каде се врши проверка на четири нивоа. Овие нивоа се завршени, има дадено позитивно мислење дека не постои безбедносен ризик за Онишченко. Констатиравме дека последното ниво кога требало да се направи консултација со членките на НАТО алијансата всушност реално не било спроведено. Лоцирано е лицето кое дало позитивно мислење за ова ниво, без да ги направи консултациите со НАТО партнерите. Сега треба да се утврди дали се работи за пропуст или намера. Ништо не е исклучено, рече Димовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата го одобри Бесник Ферати за заменик-директор…

На денешната седница, Владата го одобри назначувањето…

АНБ лани се подновила со возила за…

Агенцијата за национална безбедност лани се подновила…

Бугарски Фактор: Шефот на Агенцијата за национална…

Директорот на Агенцијата за национална безбедност (НСА)…

ОВА Е РОБУС(Т)НО ОБВИНИТЕЛСТВО! Отфрлена кривичната пријава…

ОЈО Скопје ги отфрли кривичните пријави за…

Скоро ќе има одлука за предметот за…

Републичкиот обвинител Љупчо Коцевски најави дека за…