Учествувале и Интерпол и Европол: Наскоро резултати од истрагата за лажните дојави за бомби

t

Наскоро ќе има резултати од истрагата за лажните најави за бомби,кои создаваат немир во јавноста веќе подолго време, а кои започнаа со автобусите на ЈСП, а продолжија со средните училишта, најави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

– Како што кажав и пред некој ден, ние сме сосема на крај со обезбедување на сите материјали и потврди за да имаме реализација и во овој дел, рече Спасовски во вчерашното гостување во емисијата „Клик Плус“ на ТВ 21, додавајќи дека анализите за причините се во повеќе правци, од геостратешки, преку политички до економски, односно водени од бизнис интереси.

Според Спасовски, со оглед на фактот што целта на ваквите хибридни напади е да се предизвика вознемиреност, недоверба во институциите, страв и паника, не смее да се шпекулира, туку треба да се почека да се добијат сите информации, со потврдени факти и докази.

Во однос на наодите од истрагата, како што соопштуваат од МВР, Спасовски објаснил дека станува збор најчесто за VPN адреси, а кога ќе се завршат сите проверки и ќе се утврдат фактите, ќе бидат идентификувани и сторителите, но и објавени мерките што против нив ќе се преземат.

– Во истрагата соработувавме со сите наши партнери, со Интерпол, со Европол, сите механизми кои помагаат во истражниот процес. Сигурно е дека постои мотив, а на крај ќе видиме и кој точно бил мотивот, посочил Спасовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Петровска: Внатрешната контрола во МВР нарачана од…

„Овој случај не беше одолговлекуван, ниту се…

(Документи+видео) Нови 52,8 МИЛИОНИ денари за Стентон…

Тони Коњановски уште еднаш го позлати Стентон…

Бојмацалиев: Почит кон споменот и сеќавањето на…

Денеска дополнителниот заменик министер за внатрешни работи…

Џафери со честитки за новите припадници на…

Техничкиот премиер Талат Џафери честитајќи им на…

Бојмацалиев: МВР работи исклучиво по закон за…

Денеска (24.04.2024) дополнителниот заменик министер за внатрешни…