Столтенберг: Западните земји мора да бидат внимателни и да не создаваат нова зависност од Кина

t

Западните земји мора да бидат внимателни и да не создаваат нова зависност од Кина во периодот кога се отфрла снабдувањето со руска енергија поради војната во Украина, предупреди генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

„Гледаме дека Кина прави сè поголеми напори да воспостави контрола над нашата критична инфраструктура, синџири на снабдување и клучни индустриски сектори“, предупреди Столтенберг за време на посетата на Шпанија и ги повика сојузниците да ја зајакнат отпорноста на нивните земји и инфраструктура, пренесува Reuters.

Тој ги повика западните земји да не им даваат шанса на авторитарните режими да ја искористат ранливоста на Западот и да го поткопуваат.

Во својот нов стратешки концепт усвоен во јуни оваа година, НАТО ја опиша Кина како предизвик за „интересите, безбедноста и вредностите“ на Алијансата како економска и воена сила.

Во претходниот стратешки документ на НАТО, кој беше усвоен во 2010 година, Кина не беше ни спомната затоа што во тоа време Западот ја сметаше земјата за обичен трговски партнер и производствена база.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украина уништи руска воена опрема вредна 70…

Украинските сили уништиле руска воена опрема со…

Експозитурите на Алта Банка АД Битола нема…

АЛТА банка АД Битола извести дека нејзините…

Се бара притвор за 20-годишник кој удри…

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…

Коруптивно-криминалниот систем во Србија ќе се урне…

Дејан Шошкиќ, кандидат за пратеник од Студентската…

Од „Алта банка“ во Битола повлечени околу…

Околу два милиони евра биле повлечени од…