За 20 дена АНБ ќе има нов директор!

t

За 20 дена од денеска АНБ ќе има нов директор, изјави премиерот Димитар Ковачевски, но не прецизира дали директорот Виктор Димовски ќе понесе одговорност за случајот со македонското државјанство за  Олександр Онишченко. Инаку Димовски веќе има добиено агреман за амбасадор на македонија во Франција.

– Владата донесе заклучок за отпочнување активности за одземање на доделеното државјанство. Дополнителни информации од затворена седница на Влада не може да се споделуваат, бидејќи тоа е строго и тешко казниво дело со казна затвор од една до пет години. Се она што ќе треба да биде споделено во делот на истрагата што се води во АНБ врз основа на нивни процедури и тоа што ќе следи согласно процедурите ќе биде споделено со јавноста. Во однос на раководењето со АНБ, за 20 дена од денеска ќе има нов директор на Агенцијата – изјави Ковачевски на новинарско прашање дали осве началниците и директорот Димовски ќе понесе одговорност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ГРЦИЈА ОБЈАВИ ДЕТАЛИ ЗА ПЛАНИРАНИОТ АТЕНТАТ –…

План за атентат врз лице во Грција,…

Христовски: АНБ ја следи одлука на Египет…

АНБ ја следи одлука на Египет да…

(Видео) АНБ ОТКРИ ИРАНСКА ПРОКСИ МРЕЖА ВО…

АНБ во соработка со МВР откри и…

Радикални имами, киднапирања и врски со странски…

Агенцијата за национална безбедност во координација со…

АНБ со документарен филм за историјата, сегашноста…

По повод Денот на Агенцијата за национална…