Вархеи очекува да бидат пронајдени напаѓачите од Охрид
„Секој напад врз која било заедница во Македонија мора да биде следен од полицијата и владата. Свесен сум за вчерашниот напад (на бугарскиот клуб во Охрид). Се надевам дека владата ќе го стори истото како и во претходниот случај (со опожарувањето на клубот во Битола)“, изјави еврокомесарот за проширување, Оливер вархеи, во разговор за емисијата „Брисел 1“ на телевизијата Bulgaria ON AIR.
Вархеи рече дека е подготвен да се сретне со претставници на организациите на македонските Бугари доколку побараат средба со него. „Мојата врата е секогаш отворена за секоја заинтересирана страна од која било земја кандидат“, додаде Вархеи во интервјуто што целосно ќе се емитува в сабота.
Претседателот Стево Пендаровски го осуди нападот на бугарскиот културен центар во Охрид.
„Го осудувам нападот на културниот клуб на бугарската заедница во Охрид. Очекувам надлежните институции да спроведат брза и детална истрага, преземање на сите мерки, со цел расчистување на случајот и одговорност за сторителите“, рече Пендаровски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Разбиена крајнодесничарска група во Пловдив која се…
Бугарската полиција приведе 11 лица, меѓу кои…
„Нашата загуба никому не му значи ништо,…
„Нашата загуба никој не ја вреднува, на…
Посетителите евакуирани, врие полицијци и пожарникари: Пожар…
Пожар вечерва избувнал во подземниот паркинг на…
Приведени возачи кои возеле без дозвола, меѓу…
Во текот на изминатото деноноќие, на различни…
Москва ја прозва Холандија по нападот врз…
Руската амбасада во Хаг реагираше откако „Дестинус“…