Објавено на:

Постигнат е договор: Земјите од ЕУ нема заедно да купуваат руски гас

t

Министрите за енергетика на земјите-членки на ЕУ се согласија да го исклучат рускиот гас од договорот за заедничко купување, чија количина во 2023 година треба да пополни најмалку 15 отсто од складиштето на гас на земјите-членки, односно 13,5 милијарди кубни метри, се вели во соопштението на Европската комисија, објавена по неформалниот состанок одржан во Брисел.

Новите правила ќе им дадат можност на земјите-членки на ЕУ и нивните енергетски компании заедно да купуваат гас на светските пазари – се наведува во документот.

Европската комисија забележува дека државите се обврзани „да купат 15 отсто од гасот неопходен за полнење на нивните складишта во 2023 година преку овој механизам“.

Земјите членки конкретно истакнаа дека рускиот гас ќе биде исклучен од заедничките набавки – се наведува во соопштението.

Претходно денеска министрите за енергетика на ЕУ на состанокот во Брисел не успеаја да се договорат за воведување на горната граница на цената на рускиот гас (и нафта) предложена од Европската комисија, потврди унгарскиот министер за надворешни работи и економски односи со странските земји, Петер Сијарто и додаде дека единствено договорено е следната средба да се одржи на 13 декември.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Внукот на Тоше, Кристијан преку фото-галерија му…

Внукот на Тоше Проески, Кристијан кој уште…

Британија и Украина започнаа преговори за „стогодишно…

Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон, кој…

Во ЕУ 7,1 отсто од вработените работат…

Во Европската унија во 2023 година, 7,1…

Бајден ќе воведе санкции и визни забрани…

Американскиот претседател Џозеф Бајден има намера наскоро…

Ахмети: Касами нека го фрли белиот пешкир…

Носителот на листата во шестата изборна единица…