Заеднички план за борба против тероризам во Западен Балкан помеѓу ЕК и Македонија
На предлог на Министерството за внатрешни работи, Владата ја разгледа и усвои и Информацијата во врска со потребата од потпишување Аранжман за спроведување на Заеднички акциски план за борба против тероризам во Западен Балкан помеѓу Европската комисија и властите во Република Македонија.
„Соочени со голем број на кризи, закани за мирот, стабилноста и безбедноста, а особено со закана од тероризам и насилен екстремизам, државите се обединуваат околу потребата од јакнење на капацитетите на органите за спроведување на законот, како и развој и унапредување на меѓународната соработка која е обединета во меѓународната коалиција за борба против тероризам. Од друга страна, исполнувањето на меѓународните стандарди за анализа и размена на безбедносните информации овозможуваат појасна слика за вистинските закани, но придонесуваат и за поголема подготвеност на надлежните институции за борба против тероризмот и насилниот екстремизам“, соопштија од Владата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…
Петрова и Муцунски во четврток ќе се…
Министрите за надворешни работи на Македонија и…
Србија ослободува 5000 тони дизел од државните…
Србија ќе ослободи околу 5000 тони дизел…
Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…
И покрај законските гаранции за еднаква плата…