Објавено на:

Блинкен: Русија варварски војува против цивилите во Украина

t

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска во Букурешт остро ги осуди руските напади врз цивилите и електричната мрежа во Украина и најави продолжување на силната поддршка на НАТО за таа земја.

На крајот од дводневниот состанок на министрите за надворешни работи на членките на НАТО, Блинкен изјави пред новинарите дека рускиот претседател Владимир Путин „води војна против цивилите затоа што не успева воено да ја победи Украина“, оценувајќи го тоа како „варварски чин“.

– И тој го прави тоа обидувајќи се да ја уништи енергетската инфраструктура на Украина, да ги исклучи светлата, да го исклучи греењето и водата за да страдаат цивилите. Јасно ми е (по состанокот) дека (НАТО) поддршката за Украина останува силна и одлучна, потенцираше Блинкен.

Шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеба, кој се сретна со Блинкен на маргините на средбата, за новинарите изјави дека на министерскиот состанок на НАТО, Украина добила бројни ветувања од неколку членки на Алијансата во врска со испораката на дополнително оружје и енергетска опрема.

Кулеба, меѓутоа, не сакаше да одговори на новинарските прашања дали овие ветувања се однесуваат и на системот за противвоздушна одбрана „Патриот“, кој Украина упорно го бара од Алијансата. Доставувањето на системот Патриот во Украина значително ќе ја подобри нејзината противвоздушна одбрана.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Палевски ќе оди директно во притвор веднаш…

Јавното обвинителство на Република Македонија тукушто е…

РКЕ: На праг сме до енергетски независна…

Само 2,75 проценти од потребите за електрична…

Полицаец ја малтретирал поранешната сопруга: Кривична пријава…

Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР…

Официјално: ТУРЦИЈА ОДОБРИ ЕКСТРАДИЦИЈА НА ЉУПЧО ПАЛЕВСКИ!

Турција официјално ја одобри екстрадицијата на првоосомничениот…